За разлика од европските континентални квалификации кои започнаа вчера, во Африка веќе се игра третото коло од квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нациите.
Денеска се играат дури 14 дуели од квалификациите, а интересно е дека кога се играат репрезентативни пресметки на африкански селекции, прва асоцијација е дека најчесто нема многу погодоци.
Во денешната понуда во Sport Life, на 14-те средби за играта од 0-2 гола, квотите се движат од 1.42 до 1.92. За оние кои сакаат да играат „невозможни“ тикети, доколку некој верува дека сите денешни мечеви во африканските квалификации ќе завршат со 0-2 гола, ќе добијат вкупен коефициент од 1.261,87 што значи дека со минимални 20 денари, можната добивка би била дури 25.237 денари.