Можно ли е титулата на Манчестер сити од 2014 година да заврши кај Ливерпул?

Актуелниот англиски првак Манчестер сити е казнет од Европската фудбалска федерација (УЕФА) со забрана за играње во Лигата на шампиони во следните две години. Оваа казна е поради тоа што Граѓаните го прекршиле финансискиот фер-плеј на УЕФА, во периодот од 2012 до 2016 година. Освен суспензијата, Сити ќе треба да плати и парична казна од 30 милиони евра.

Челниците на Манчестер сити најавија дека ќе се жалат на Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, но засега не се очекува дека може да има корекција на казната.

Освен од УЕФА, можна казна најавија и првите луѓе на фудбалската федерација на Англија (ФА), затоа што со кршење на правилата на УЕФА се кршат и правилата на домашната Федерација. Како една од можностите за казна се наведува одземање на бодови на Сити и тоа во перидот за кој се сомничи дека клубот го прекршил правилото.

Дејли Мејл тврди дека Сити може да остане без титулата од 2014 година, затоа што тоа е периодот во кој се направени неправилностите, па ФА може да им одземе бодови од сезоната 2013/14. Ако се случи на Сити да им бидат одземени бодови, тогаш Ливерпул може да стане административен шампион, затоа што на крајот беше втор со само два бода помалку од првакот. Сити заврши со 86 бодови, а Ливерпул имаше 84.

 

- Оглас -

Најнови вести