1.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Можно ли е? Трент не е задоволен во Мадрид, налето се враќа во Ливерпул

Трент Александер-Арнолд минатото лето како големо засилување пристигна во Реал Мадрид од Ливерпул. Иако бекот ќе беше слободен фудбалер, сепак Кралевите и тогашниот тренер Чаби Алонсо одлучија дека тој им е потребен за настапот на Светското клупско првенство, па им платија на Црвените 10 милиони евра за да го ослободат еден месец пред истекот на договорот.

Сепак, Англичанецот ја нема посакуваната минутажа во Мадрид, но и мака мачи со повредите, па веќе сака да се врати во Премиер лигата. Како една од можните дестинации се споменува и Ливерпул, но прашање е дали Црвените ќе бидат подготвени да платат обесштетување за фудбалер кој веќе беше кај нив и не сакаше да го продолжи договорот.

Според неофицијални информации, Трент се жалел дека Мадрид не ги исполнил неговите високи очекувања и по секоја цена сака да се врати во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести