Можно ли е вакво нешто: Американците сакаат натпревари од ЛШ и Премиер лигата да се играат на нивно тло

Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа пријателски натпревар во Њу Џерси пред исполнет стадион и 82.000 гледачи. Ова беше инспирација за гувернерот на оваа сојузна држава да побара кај нив да се играат и официјални натпревари од Лигата на шампионите и Премиер лигата.

– “Многу би биле среќни доколку се играат и официјални натпревари во САД. Би било неверојатно да гледаме натпревари од Лигата на шампионите или од Премиер лигата во Њу Јорк или Њу Џерси. Знам дека европските клубови нема да бидат воодушевени од оваа идеја, но претпоставувам дека Манчестер Јунајтед и Арсенал сега на тоа гледаат како на одлична прилика бидејќи играа пред 82.000 гледачи. Би сакал Барселона и Реал Мадрид да одиграат официјален натпревар во Њу Џерси.“ – изјави гувернерот Фил Марфи.

- Оглас -

Најнови вести