Можно ли е? Во Серија А на повидок повторување на истиот скандал од лани

Новиот сој на корона-вирусот продолжува да прави проблеми во европскиот фудбал, а најновите проблеми се во најава во италијанската Серија А. Утре во Торино треба да се игра дуелот меѓу Јувентус и Наполи, но во најава е дека мечот може да не се одигра.

Локалниот кризен штаб (АСЛ) може да даде забрана на фудбалерите на Наполи да отпатуваат во Торино затоа што во овој клуб има голем број заразени фудбалери. Челниците на Серија А најавија дека не планираат никакви одложувања на мечевите, па нема да биде чудно ако на стадионот во Торино утре се појават домашните играчи и судиите, а да ги нема играчите на Наполи.

Доколку ова се случи, ќе биде реприза од лани. Минатата сезона кога требаше да се игра дуелот во Торино, фудбалерите на Наполи не добија дозвола да отпатуваат на гостувањето. Тогаш, најпрво дуелот беше регистриран со службена победа на Јувентус, но подоцна откако гостите се жалеа, средбата се одигра во друг термин.

Сезонава веќе имаше еден неодигран меч кога Салернитана не отпатува на гостувањето кај Удинезе. Салернитана утре ќе гостува кај Венеција, а најавено е дека гостите нема да опатуваат и дуелот нема да се игра.

- Оглас -

Најнови вести