11.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Мпетши Перикар отсервира дури 17 аса во еден сет!

Францускиот тенисер Џовани Мпетши-Перикар имаше незаборавен натпревар на СТП 250 турнирот во Брисел.

Тој во победата над финскиот играч Емил Русувори со 7-6, 6-7, 6-4 во осминафиналето имаше дури 39 ас сервиси, од кои 17 во вториот сет.

За играчот висок 203 сантиметри тоа е личен рекорд по број на асови во еден натпревар кој се играл во два добиени сета. Најбрзиот денешен сервис му беше вистинска „ракета“ од 244 километри на час.

Перикар имаше и 6 двојни сервис грешки, а ги спаси сите четири брејк-топки со кои се соочи. 

- Оглас -

Најнови вести