Романо Флоријани Мусолини кој е правнук на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, го постигна првиот гол во професионалната кариера и тоа победнички за Јуве Стабија во дуелот против Чезена во Серија Б.
Мечот не навестуваше дека ќе се најде во центарот на светската јавност, но кога правнукот на диктаторот Мусолини го постигна голот за водство на неговата екипа, на трибините започна големо славје. Демуваше збунувачки, но фановите на трибината го извикуваа презимето Мусолини и отпоздравуваа со фашистички поздрав.
🇮🇹 Romano Floriani Mussolini, l’arrière petit fils du “Duce” Benito Mussolini, leader du fascisme italien au début du 20ème siècle, a marqué aujourd’hui avec la Juve Stabia en Serie B italienne.
Voici la célébration des supporters du club italien.
pic.twitter.com/fgF6SeAHCn— CultiFoot (@CultiFoot) December 22, 2024
Младиот Мусолини моментално е како позајмен играч во Јуве Стабија, а тој има договор со калчолигашот Лацио. Токму најголемите фанови на Лацио отворено покажуваат симпатии кон десничарите, кои редовно се доведуваат во конекција со фашизмот.