Мрежичките го повлекуваат дресот на единствениот играч кој во четири декади играше во НБА

Винс Картер е еден од најатрактивните кошаркари кои се појавиле во НБА-лигата. Беше познат по спектакуларните забивања, но тој е и единствен играч кој играл во најсилната лига во четири различни децении.

Картер беше избран на НБА-драфтот во 1998 година од тимот на Голден стејт, но никогаш не заигра за овој клуб. Кариерата ја започна во Торонто, а потоа се пресели во Њу Џерси.  Кај Мрежичките беше од 2004 до 2009 година, а во овој период во просек постигнуваше по 23,6 поени на меч.

Тој е рекордер и по бројот на постигнати поени во една сезона за Њу Џерси, кој сега го носи името Бруклин нетс. Во сезоната 2006/07, Картер постигна 2.070 поени. Благодарение на тие игри, од Нетс сега решија да го повлечат дресот со бројот 15. Претходно само шестмина играчи добиле чест да им биде повлечен дресот од страна на овој НБА-тим.

Картер во кариерата играше и за Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Аталанта. Кариерата ја заврши во дресто на Јастребите во 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести