Мрежите мируваа во Битола, Пелистер останува во опасната зона

Мечот помеѓу Пелистер и Силекс заврши со најнепопуларниот резултат, 0-0, веројатно на големо незадоволство и на двете екипи. Со тоа продолжува лошата форма на битолчани, кои остануваат во опастаната зона со 21 бод, два помалку од Македонија ЃП на деветтата позиција.

Лошите резултати на Пелистер пролетва не се случајни, а против Силекс не успеаја да упатат ниту еден удар кој одеше во рамките на противничкиот гол, наспроти двата обиди на гостите од Кратово.

Со дуелот во Битола се комплетира 21-вото коло од Првата македонска фудбалска лига, по кое Вардар е лидер со 52 бода, еден повеќе од Шкендија. Силекс со бодот од Битола останува на четвртата позиција со 39 поени, но и големо заостанување од местата кои носат излез во фудбалска Европа.

Голема битка ќе се води на дното од табелата, со оглед на тоа дека загрозени со испаѓање или играње во баражот се сите екипи од петтото место па надолу.

Следното, 22-ро коло воедно ќе биде и последно од вториот круг, а ќе се игра од петок до вторник.

- Оглас -

Најнови вести