Мрме, Елмас, Нестор и Рики со пораки за олимпискиот херој (Фото)

Дејан Георгиевски го очекува финалето на Летните олимписки игри, успех кој досега не го направил ниту еден наш спортист во самостојна Македонија на најголемиот спортски настан. Македонија има најмалку сребро во таеквондо, но Дејан ќе се обиде да се избори на неговите гради да блесне златото.

Од сите страни стигнуваат честитки за успехот на Георгиевски, а меѓу првите кои честитаа и дадоа поддршка за новиот спортски херој се фудбалерите. Оние кои пред еден месец беа во центарот на вниманието кај нас, сега даваат поддршка за Дејан да стигне до златото.

Елиф Елмас со порака „Од Бутел до Токио и шампион ќе си се вратиш дома“, а поддршка има и од Мрме, Нестор и Рики.

- Оглас -

Најнови вести