Ексселекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, се огласи на својот фејсбук-профил по повод вечерашниот натпревар.
Човекот којшто ја водеше селекцијата до историски успех и настап на Европското првенство го искористи моментот да им посака среќа на фудбалерите.
„Пред вечерашниот натпревар со Италија, четирикратен светски и актуелниот европски првак, сакам да Ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е огромен и за Македонија и за Италија, а во Торино пред многу години покажавте дека го можете тоа. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“ гласеше пораката на популарниот Мрме.