Мрме испрати нова моќна порака: Играјте за Македонија, за навивачите, за децата и за вашите семејства (ФОТО)

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме испрати нова порака до играчите.

Предводникот којшто ја донесе Македонија на ЕП им посака среќа, но им кажа и да ја искористат оваа историска шанса.

„Вечерашниот натпревар со Португалија е чекот за Светското првенство во Катар, искористете ја оваа можност за пласман. Играјте за Македонија, за навивачите кои безусловно ве следат, за вашите деца, за вашите семејства.

Со среќа од срце, НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, гласеше пораката на ексселекторот.

- Оглас -

Најнови вести