19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Мрме сè уште чека на победа со Горица

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски сè уште нема победа како тренер на хрватскиот прволигаш Горица.

Горица денеска на домашен терен играше против Ријека, тоа беше дуел на двете последнопласирани екипи, а бодовите ги освоија гостите.

На крајот славеше Ријека со 0:2 и тоа со голови постигнати во вториот дел преку Ампем во 56. и на Халиловиќ во 68 минута.

Ангеловски минатиот месец седна на клупата на Горица и има скор од едно реми и четири порази. Мрме ремизираше со Шибеник, а загуби од Вараждин, Осијек, Динамо Загреб и Ријека. Горица се наоѓа на последното место на табелата во хрватскиот шампионат со само шест освоени бода од 11 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести