Велат не е секој ден Велигден, но со велигденските празници дојдоа и богати добитни тикети како овој уплатен во објект на Sport Life во Ченто.
Вчера претпладне овој играч вложил само 20 денари и чекал бруто добивка од над 165.000 денари за девет фудбалски натпревари за кои типувал дека ќе има од еден до два гола во двете полувремиња.
При ваквите игри на голови, потребна е и среќа (на пример ако рано паднале два гола во полувремето и имало уште многу време за трети, тука е стравот од трети гол кој би го направил тикетот недобитен), а овој обложувач ја имал, па 20-те денари ги претвори во нето заработка од 2.300 евра и погодена огромна вкупна квота од 7.204.
Во добивката е вклучен и петочки бонус од 15 проценти за тикети со барем девет парови со квоти над 1.50, но без играта конечен тип, кои во случајов претворени во пари се 21.614 денари.