Возбудувањата од пролетната етапа на Типстер купот на Sport Life достигнуваат кулминација. Остануваат уште два дена до крајот на финалето, по што ќе биде познат шампионот и освојувачот на главната премија, автомобил Пежо 308. Неверојатно израмнета е трката за првото место.
Златко е моменталниот лидер и има 66.825,9 поени, а веднаш зад него е Игор со 66.511,1 поени, што значи дека разликата меѓу првопласираните двајца е само 314,8 поени. Оваа разлика може да биде достигната со само еден добар тикет, па затоа се очекува во последниве два дена да има мртва трка до самиот финиш.
Пред само три дена, Игор заостануваше повеќе од 5.000 поени зад Златко, но не се предаде и сега е со израмнети шанси како и моменталниот лидер. Без шанса за Пежото не се и останатите кои се меѓу најдобрите. Марјанчо е на третата позиција со 59.468,5 поени, а Билјана има 58.823,0 поени. Вкупно 7 финалисти ја имаат надминато границата од 50.000 поени досега.
Подароци на крајот ќе има за 10-те најдобри, додека сите 742 финалисти веќе имаат доделено ваучер по 50 денари од Sport Life.
Главни подароци
1. Автомобил Peugeot 308
2. 4.000.000 СЛ Маркет поени
3. 2.000.000 СЛ Маркет поени
4. 500.000 СЛ Маркет поени
5. 200.000 СЛ Маркет поени
6. 100.000 СЛ Маркет поени
7. 50.000 СЛ Маркет поени
8. 40.000 СЛ Маркет поени
9. 30.000 СЛ Маркет поени
10. 20.000 СЛ Маркет поени
Типстер купот сезонава беше поделен во два дела. Есенски и пролетен дел, со финалиња во кои шампионот освојува Пежо 308. Најдобар во есенскиот дел беше Александар од Кочани, кој заслужено си доби нов автомобил. По добивањето на автомобилот, Александар ни откри дека со години играл Типстер куп и дека во ниту еден момент не се откажал, а како награда за неговата упорност, но и знаење, сега има нов автомобил.