Мртва трка на врвот: Тиверија и Љуботен одиграа реми во дербито на колото

Со дерби дуелот помеѓу Тиверија Брера и Љуботен и официјално се комплетираше осмото коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, откако останатите натпревари се одиграа вчера.

Натпреварот во Струмица заврши нерешено, 1-1, па сега има вистинска мешаница на врвот од табелата. Тиверија поведе со голот на американката, Џејн Копли, додека актуелниот шампион на Македонија, Љуботен, израмни со голот на Ингрид Видал од пенал.

Двете екипи после првите седум кола имаа максимален ефект, па ремито во Струмица го искористи Каменица Саса, која сега им се доближи и на двете екипи. Тиверија и Љуботен имаат по 19 бода, додека екипата од Македонска Каменица има 18. Со овие три екипи се затвора кругот на фаворити за шампионската титула, која во последните три сезони ја освојуваа фудбалерките на Љуботен.

Резултати – 8. коло

Тиверија Брера – Љуботен 1-1
Скопје – Речица 5-0
Атлетико – Топ Гол 0-0
Ас јунајтед – Истатов 3-4
Слободна беше екипата на Каменица Саса.

Веќе следното коло на програмата е нов дерби дуел, овој пат во Македонска Каменица, каде се среќаваат Саса и Тиверија.

- Оглас -

Најнови вести