„Мртва трка“ во Прва лига: Четири екипи на врвот имаат ист број на бодови

Неизвесна е шампионската трка во македонската прва лига, откако по ова, седмо одиграно коло, дури четири екипи имаат по 14 бодови. Шкупи, Академија Пандев, Ренова и Работнички ќе го водат главниот збор кога станува за освојување на најпрестижниот фудбалски трофеј во државава

Работнички, играше на гости против Македонија Ѓорче Петров победи со 2:0, и тоа со головите на Кристијан Стојковски во 50 минута, и Лука Станковски во 89, минута.

Шкупи, кој по подолго време одигра натпревар на Чаир, го победи Борец со 3:0. Со два погодоци, Сандеј Адентуји (45+1′, 67′) беше најдобриот поединец кај Чаирчани. Но Матеј Цветановски го „отвори“ овој натпревар во 5. минута.

Академија Пандев, одигра 0:0 на гостувањето кај Пелистер. Додека, Селмани во 92 минута донесе голема радост за Ренова во мечот со Струга.

 

ПРВА ЛИГА РЕЗУЛТАТИ

Брегалница – Тиквеш 2:0

Скопје – Шкендија 0:2

Македонија ЃП – Работнички 0:2

Пелистер – Академија Пандев 0:0

Ренова – Струга 1:0

Шкупи – Борец 3:0

- Оглас -

Најнови вести