МТВ ќе врши пренос од Струга Трим Лум – Жалгирис

Македонската радио телевизија попладнево од 17 часот ќе врши директен пренос од натпреварот Струга Трим Лум – Жалгирис Вилнус од квалификациите во фудбалската Лига на шампиони, кој попладнево се игра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Стружани извлекоа солидни 0-0 на првиот меч во Литванија, а денеска имаат историска прилика да дојдат до победа која би ги однела во следната фаза, каде ги чека турскиот првак Галатасарај.

Најавите се дека трибините во Охрид ќе бидат преполни, а сите што сакаат да го гледаат мечот на телевизија, тука е спортскиот канал МТВ 3.

- Оглас -

Најнови вести