И на меч од рангот на Лигата на шампионите може да биде досадно за голманите, па чуварот на мрежата на Пари Сен Жермен одлучи малку да ја смени позицијата и се најде далеку од својот гол во улога на лев бек.
При резултат од 2:0 за европскиот вицешампион против Башакшехир во Истанбул во финишот на мечот, Костариканецот излезе од шеснаесетникот за да ги покаже и фудбалските вештини, а голот на гостите беше празен.
Башакшехир не успеа да го искористи излетот на Навас на необична позиција за голман и не постигна почесен гол против ПСЖ.
Европскиот вицешампион славеше со 2:0 со двата гола на Мојзе Кен и ја запиша првата победа во второто коло во новиот циклус од Лигата на шампионите.
Турскиот тим веќе има два порази и тенки шанси за пласман понатаму во група со ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лајпциг.