Барселона покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Нотингaм Форест, Муриљо. Каталонците гледаат на 23-годишниот Бразилец како на долгорочна инвестиција и играч кој може да донесе стабилност во одбраната.
Дефанзивецот игра на многу високо ниво за Форест во последната година и пол.
Барселона размислува да го продаде Роналд Араухо, кој никако не успева да ја врати формата, а за него има интерес од други клубови. Данецот Андреас Кристенсен има договор до крајот на сезоната и сигурно ќе замине. Поради тоа, шпанскиот шампион има потреба од засилување во дефанзивната линија.
Договорот на Мурило трае до летото 2029 година, а неговата вредност се проценува на околу 60 милиони евра.
Бразилецот оваа сезона има 12 настапи во сите натпреварувања и постигна еден погодок.

