Му го најдоа кучето, па нејќеше да плати – Скржавиот Стариџ го заборави ветувањето, Судот во Лос Анџелес го потсети со 30 илјади долари

Судот во Лос Анџелес на интересен начин го потсети Даниел Стариџ дека ветувањата треба да се исполнуваат и му наложи да плати 30 илјади долари во многу интерсен случај од пред две години.

Познатиот фудбалер и поранешен англиски репрезентативец го загуби својот љубимец, кучето Луси, во 2019 година и објави дека ќе даде сè само за да му биде вратено назад.

Во објавата Стариџ споменува 20-30 илјади долари,или која било сума пари во очај и во обид да му се врати кучето.

И тоа и се случи, а извесен господин Вашингтон му го врати кучето на Стариџ, но потоа и се пожали на социјалните мрежи дека не ја добил ветената награда.

Потоа следуваше тужба од измамениот пронаоѓач на кучето и одлука на судот во Лос Анџелес дека Стариџ ќе мора да му плати сума од 30 илјади долари.

- Оглас -

Најнови вести