Го продадоа во Реал за 32 милиони евра, сега ќе си го вратат за само пет милиони евра

Алваро Одриозола ги договори личните услови со тимот на Реал Сосиедад и сега се чека само на согласност од Реал Мадрид за да се случи овој трансфер. Одриозола во Мадрид дојде во 2018 година за сума од 32 милиони евра и тоа токму од Сосиедад. Пет години подоцна се враќа во истиот клуб, но овојпат трансферот нема да биде поголем од пет милиони евра.

Дефанзивецот не се снајде најдобро во Реал и за пет години одигра само 49 меча во сите натпреварувања. Минатата сезона одигра само 36 минути во првенството на Шпанија и тоа на позицијата десен бек. Во сезоната 2019/20 беше даден на позајмица во Баерн Минхен и со баварците освои тројна круна. Беше на позајмица и во Фиорентина, а актуелниот договор со Реал му е до 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести