Зинедин Зидан по јубилеен 250-ти пат беше тренер на една екипа, а јубилејот нема да го памети по добро откако за првпат негов тим прими четири гола.
Реал Сосиедад вечерва приреди првокласна сензација и со победа од 4:3 го елиминираше Реал Мадрид, а за првпат во тренерската кариера на Зидан му подарија четири гола, и тоа за јубилејот 250-ти меч.
Зинедин беше тренер на Кастилја, односно на вториот тим на Реал Мадрид на 57 натпревари, пред да биде поставен за главен менаџер на првиот состав.
Вечерва по 193-ти пат го предводеше најтрофејниот европски клуб од клупата и му се случи дебакл и елиминација во четвртфиналето на Копа дел Реј.