Му го расипаа моментот на Руни – Доцни платата во Дерби каунти

Вејн Руни треба да дебитира вечерва за Дерби каунти, но крај себе ќе има незадоволни соиграчи кои останаа без декемвриската плата.

Руни би требало да игра против Барнсли на „Прајд парк“ од 20.45 часот, но атмосферата што требаше да биде спектакулатна за неговото деби, за Дерби е малку нарушена со финансискиот момент.

Играчите на Дерби останаа без декемвриската плата што требаше, според рокот, да им биде исплатена до последниот ден на 2019 година, а од клубот велат дека се работи за чиста формалност.

Сопственикот на популарните Овни, Мел Морис, е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, а објасни дека се чека потпишување на договор со нов инвеститор во клубот, па затоа и доцни платата за играчите на Дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести