Му го украл автомобилот на соиграч и потоа ѝ бегал на полицијата возејќи 100 километри на час

Судтирол, членот на Серија Б, го избрка фудбалерот Амну Мутасим поради бизарна причина.

Младиот фудбалер му го украл автомобилот на соиграч во Судтирол и потоа во центарот на градот возел со 100 километри на час и ѝ бегал на полицијата. Кога бил запрен, полицијата утврдила дека тој немал ниту возачка дозвола.

Челниците на Судтирол веднаш му го раскинале договорот на Мутасим поради прекршување на етичките кодекси и ќе одговара на суд поради кражба на автомобил и давање отпор и бегање од полицијата.

 

- Оглас -

Најнови вести