Му ја бакна раката на учителот Обрадовиќ, па со Ефес го победи Партизан

Новиот тренер на Анадолу Ефес, турскиот стратег Ердем Џан, денеска пред почетокот на мечот со Партизан на турнир во Атина, му ја бакна раката на колегата Жељко Обрадовиќ.

Со ова, Џан сакаше да му искаже благодарност и почит на човекот од кој научи многу околу тренерската работа, затоа што му беше десна рака за време на престојот во Фенербахче кога клубот со Перо Антиќ во составот, стана и европски првак.

Ефес го победи Партизан со 81-79, победничкиот кош беше постигнат на 14 секунди до крајот.

Џан и Обрадовиќ се разделија во 2021 година, а по заминувањето од Фенер, кариерата на Џан има нагорна линија. Некогашниот асистент на Обрадовиќ најпрвин работеше во стручниот штаб на НБА тимот Јута џез, па се врати во Турција како прв тренер на Турк Телеком со кој дојде до финале на Еврокупот, а сега е тренер на евролигашот Анадолу Ефес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести