Му лежат премиерлигаши: Оршиќ има пет гола на четири меча против лондонските екипи

Динамо Загреб има водство од 1-0 по првото полувреме против Челзи, а голот го даде Мислав Оршиќ, на кого премиерлигашите, особено лондонските, му се омилени жртви во европските купови.

Во сезоната 2020/2021 Оршиќ со хет-трик го елиминира Тотенхем, во минатата сезона постигна гол против Вест хем, а денеска погоди и против Челзи. Од 2020/2021 наваму само Карим Бензема има повеќе голови од него против англиски клубови.

На вториот меч од ЛШ, кој е во тек, Борусија Дортмунд има комотни 2-0 против Копенхаген. Стрелци на головите беа Марко Ројс и Рафаел Гереиро.

- Оглас -

Најнови вести