Му личи на Пелистер – Легендата Митко Стојковски е нов претседател на клубот, ќе му помага Тони Мицевски

Легендата на Пелистер и на македонскиот фудбал, Митко Стојковски е избран за нов претседател на клубот, а во раководните структури е вклучен и Тони Мицевски, како и уште двајца поранешни фудбалери Пеце Цветковски и Златко Деловски, како членови на Бордот на битлскиот клуб.

Стојковски го наследи досегашниот прв човек Пеце Стојчевски, а примените беа најавени од претходно.

Митко Стојковски играше за Пелистер од 1989 до 1991 година, а потоа имаше успешна интернационална кариера во Црвена Ѕвезда, Овиедо, Штутгарт, па се врати во Пелистер каде и ја заврши кариерата.

Под негва команда битолчани очекуваат брз кам-бек во Првата македонска фудбалска лига.

По првиот дел од сезоната Пелистер е на четвртото место со 30 бода, 7 зад лидерот Гостивар, шест од Вардар и четири помалку од Воска.

Првите две екипи ќе обезбедат директен пласман во Првата лига, а третопалсираната ќе игра бараж.

- Оглас -

Најнови вести