17.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Му направи лизгачки старт со главата напред (Видео)

Кога се вика за некој играч дека е многу храбар и не се штеди, велат дека влегува во дуел со глава каде што некои други не би поставиле нога. Е, па токму таков пример доаѓа од една од пониските лиги во Украина, каде што еден фудбалер пожртвувано се фрли и тоа директно со главата да направи лизгачки старт.

Иако потегот беше многу опасен, на крајот се покажа како успешен. Фудбалерот кој стартуваше со главата напред успеа да го сопре противничкиот играч, и тоа без воопшто да се повреди. Повреден беше играчот кој беше во напад.

- Оглас -

Најнови вести