Лионел Меси беше во фокусот на еден од тренинзите на Барселона, а дури му направија и психолошки профил со заклучок дека Аргентинецот веќе не е среќен во клубот.
Неколку минути се следеше движењето на Меси на тренингот и видливо е дека не разговара со никого и дека е сам настрана од соиграчите.
https://twitter.com/MessiScored/status/1330910398829244420?s=20
Летната сага со неговото заминување и длабокиот јаз со раководството на клубот оставија трага на Меси. За него разочарувачки беше односот на првите луѓе на Барселона, кои дури беа и подготвени да го пуштат да си замине ако некој клуб ја платеше огромната отштета од 700 милиони евра.
На крајот битката со Жозеп Бартомеу и неговите соработници ја доби Меси, но очигледно повторно нешто не одговара, пишуваат шпанските медиуми.
Вечерва Лео нема да игра за Барселона против Динамо Киев во меч од Лигата на шампионите што ќе почне во 21 часот, откако доби поштеда од трнерот Роналд Куман.