Му нудат на Хајдук 3.5 милиони евра – Поранешен играч на Работнички е пред трансфер на кариерата, го бара холандскиот гигант ПСВ Ајндховен

Емир Сахити, кој е поранешен фудбалер на скопски Работнички има понуда на кариерата и е пред трансфер во холандскиот гигант ПСВ Ајндховен.

Емир има 23 години и настапуваше за скопските романтичари од 2015 до 2018 година, па му беше продаден на Хајдук.

Сега сплитските Били имаат понуда од 3.5 милиони евра за Сахити од 24-кратниот првак на Холандија што е одлична варијанта и за 23-годишниот фудбалер.

Трансферот сепак има еден услов, а тој е ПСВ да му го продаде Џош Вагноман на Штутгарт, а се договара трансфер вреден 7 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести