26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Му обеле брадата за време на карантинот, но барем го видовме како се смее (Фото)

Додека седат дома, спортистите можеме да ги видиме само на социјалните мрежи, а еден од оние кои си го смени изгледот за време на карантинот е и тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо. Ако се споредат фотографиите од пред прекинот на сезоната во Серија А и сегашната, се гледа голема разлика. Најзабележливо е дека брадата на Гатузо е многу побела од претходно.

Неработењето на фризерските салони во Италија се една од причините за „Робинсон Крусо“ изгледот на Гатузо. Навивачите направија „скрин шот“ и фотографијата на обелениот Гатузо стана хит. Ако ништо друго, Гатузо е насмеан, нешто што ретко се гледа кога е покрај фудбалскиот терен и им дава инструкции на своите играчи.

- Оглас -

Најнови вести