Фати „луди“ квоти, но се уплаши да го чека финалето на ЛШ и реши да направи Кешаут (Фото)

Во Неготино дефинитивно има експерт за погодување мечеви од хокеј понудата во Sport Life. На тикет уплатен уште во саботата одиграни се четири хокеј пресметки и сите се погодени.

Едмонтон со 6:1 славеше над Далас за погодена комбинација „кец и 7+“. Убедлива беше и Флорида, која со 6:2 славеше над Каролина и тука е погодена комбинацијата „кец и 7+“.

На мечевите од Светското првенство во хокеј САД со 6:2 ја победи Шведска, додека Швајцарија беше уште поубедлива и со 7:0 славеше над Данска. Четирите погодени квоти се движеа од 4.20 до 6.25.

Сепак, освен хокеј дуелите, на тикетот е додаден и мечот од финалето во Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер, кој ќе се игра в сабота. Одиграната комбинација на ливчето е дека ПСЖ треба да победи во регуларниот дел, што е со квота од 2.30.

Сепак, обложувачот решил дека нема да ризикува и да чека овој меч да се одигра за да види дали би ја комплетирал како погодена вкупната квота од 1.830, која само со 50 вложени денари му носеше потенцијална добивка од 77.788 денари, односно малку повеќе од 1.200 евра.

Обложувачот во оваа ситуација решил да ја искористи можноста која ја нуди Sport Life, а тоа е Cash out, односно да се исплати тикетот без да се доиграат сите мечеви. Во една ваква ситуација, не сакајќи да го чека финалето во ЛШ, добивката која ја освои овој обложувач е 27.603 денари.

Очигледно дека во овој случај обложувачот се води по народната поговорка „подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка“.

- Оглас -

Најнови вести