Му побегна на обезбедувањето, ама си го доби од противничките навивачи (Видео)

Екипата на Блекпул го победи Флитвуд со 3-1 во меч од 20-тото коло во англиската Лига 1, а средбата ќе остане запаметена по ќотекот кој еден непристоен гостински навивач го доби од противничките фанови на Блекпул, кои „му помагаа“ на обезбедувањето.

Младиот навивач го прекина мечот, влезе на терен и трчајќи им бегаше на редарите, но тоа му успеваше додека не се доближи до гол-аут линијата, а тогаш во помош на обезбедувањето му дојдоа навивачи, кои го фатија и со серија боксови го претепаа провокаторот. Ова предизвика хаос на стадионот, бидејќи реагираа навивачите од другата трибина, па се случи огромна мешаница.

Од Блекпул објавија дека биле искршени повеќе столчиња, а полицијата уапсила некои од учесниците во инцидентите кои се случија откако Блекпул поведе со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести