Му „побегнаа“ четири милиони денари добивка, а сега предлага тикет кој вреди да се одигра

Славче Велјановски од Демир Хисар изминатиот викенд беше на прагот да заработи четири милиони денари, но поништениот гол на Рапид Виена во 27-мата минута на мечот со Штурм му ја скрати таа радост.

Мајсторот за обложување  ги искомбинирал двата тикети, а помош имал и од неговиот пријател.

„Се обложувам, но тоа го правам поради страст кон фудбалот бидејќи натпреварите ми се многу поинтересни. Не сум некој ‘страстен’ играч на игрите на среќа. Уплаќаме ливчиња и страсно гледаме фудбал. При комбинирањето ми помогна и мојот пријател Влатко, а штета е што не испаднаа тикетите, но, што е, тука е“ започна Славче.

ГОЛЕМИТЕ КВОТИ ВО SPORT LIFE ПРЕДИЗВИКУВААТ ЗА „МАРАТОНСКИ“ ТИКЕТИ

Двата тикети кои беа уплатени од страна на Славче и неговиот пријател беа симболични од по 20 денари. Според него, квотите коишто ги нуди Sport Life нудат убава можност за големи добивки. Најголемата добивка што некогаш ја освоил изнесува над 20 илјади денари.

„Кога играм спортска, претежно правам вакви слични тикети како тој каде што што промашив еден натпревар. Со мала уплата, барам големи добивки, а најголемата изнесува малку повеќе од 20 илјади денари.

Во секој случај, ќе беше убаво овие два тикети да „испаднеа“. Од пред малку повеќе од еден месец, практикувам да правам вакви милионски добивки, а на првиот одигран тикет имав три промашени натпревари.

Ги следам и натпреварите, како и игрите од ‘Супер тип’ и ‘Квоти на денот’, коишто значително можат да ја зголемат добивката“, додаде Велјановски.

Според правилата на обложувалницата, сопственикот на двата тикети доби ваучери во десеткратна вредност од уплатите со играта „Втора Кеш Шанса“.

За да не остане само на ваучерите, Sport Life подготви уште една специјална награда за лојалност и обложувачот ќе може да одигра тикети во вредност од по 50 денари секој ден во рок од еден месец.

ВЕРЕН ФАН НА МИЛАН, СЕРИЈА А Е НАЈДОБРА ЛИГА ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ

„Јас сум верен фан на Милан и редовно ја следам Серија А, која според мене, е најдобра лига за обложување. Многу полесно може да се фати натпревар од таа отколку од која било друга лига.

Најчесто играм фиксови или пак двојни шанси, додека ‘поновите’ игри речиси и да не ги практикувам“.

ВЕРУВА ВО УСПЕХ НА НЕГОВИОТ ТИМ, КАКО И ПОБЕДА НА ЈУВЕНТУС ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ

Милан во недела има тешко гостување кај секогаш незгодната Аталанта, додека, пак, Славче смета и дека Јувентус ќе го победи Торино во големото градско дерби.

„Со сигурност можам да кажам дека Милан нема да загуби против Аталанта, а голема е веројатноста и дека ‘ќе тепа’. Од друга страна, пак, сметам дека и Јувентус ќе го победи Торино во градското дерби. Очигледно е дека ја пребродија кризата и дека влегуваат во победнички ритам“, заврши Велјановски.

 

 

- Оглас -

Најнови вести