Му помина лутината, Валбуена мисли дека неговиот уценувач е играч на годината

Поддршка за Карим Бензема во врска со добивањето на Златната топка за 2022 година дојде од можеби најнеочекувана страна.

Матје Валбуена, кој беше уценуван од Бензема со секс-снимка и со кого се судеа со години, поради што и Бензема не играше за Франција од 2015 до 2021 година, смета дека напаѓачот на Реал Мадрид треба да биде прогласен за најдобар на светот.

Годинава Златната топка ќе се додели во октомври, пред Светското првенство, а според сите параметри во клупскиот фудбал, Бензема е прв фаворит за признанието.

„Не би бил искрен ако кажам дека Бензема не ја заслужува наградата. Да, заслужува да ја освои Златната топка. Немам проблем да бидам објективен кога станува збор за спортски работи“, изјави Валбуена, кој е играч на грчкиот Олимпијакос.

- Оглас -

Најнови вести