Никола Јокиќ се очекува и во новата сезона во НБА да биде еден од најатрактивните играчи. Иако игра како центар, Јокиќ се прослави со додавањата кои често знаат да бидат прецизни и преку целиот терен. Токму поради тие додавања, Јокиќ доби интересен предлог, а тоа е дали би сакал да го смени спортот и да заигра во НФЛ-шампионатот, односно да биде квотербек.
Поради големиот број повредени играчи, НФЛ тимот на Денвер Бронкс остана без квотербек, па на шега беше побарана помош од Јокиќ да влезе во тимот и да биде прв додавач. Србинот на шега изјави дека прифаќа и да го смени спортот.
„Ја видов понудата и би прифатил, но морам да имам добра дефанзивна линија покрај мене. Можеби еден ден и ќе заиграм во НФЛ“, рече Јокиќ.