Да се погодат 12 исходи на натпревари на репрезентации е вистинска умешност, а вчера токму тоа му појде од рака на обложувач од Тетово, кој во Sport Life уплатил само 20 денари и има бруто добивка од 38.086 денари. Вкупниот погоден коефициент е речиси 2.000.
На тикетот има комбинација од мечеви во сениорска и младинска конкуренција. Тука се и двата дуели на македонските фудбалери, и сениорите и младите (У-21) примаа по четири голови, како што типуваше тетовецот.
На крај се чекала победа на Боливија над Суринам во меч кој почна доцна синоќа, во 23 часот. Суринам поведе со 1-0 на стартот на второто полувреме, но потоа Боливија со два гола направи пресврт и го доби мечот што за нив значеше финален бараж дуел со Ирак за пласман на СП 2026, а во Тетово донесе екстра добитен тикет.


