Федерико Демарко го постигна деби голот за Интер и конечно се израдува на првиот погодок за тимот што често се сомневаше во неговиот квалитет и го праќаше на позајмици.
Трпението на 23-годишниот фудбалер се исплатеше, на почетокот на оваа сезона се врати во Интер, а денеска во 18,. минута постигна еврогол од слободен удар за предност на Нераѕурите од 1:0 против Сампдорија во Џенова.
Димарко погоди од 18 метри во 18, минута, а ударот заврши во аголот на домашниот гол и Аудеро беше немоќен.
https://twitter.com/Sachk0/status/1437006710284058626?s=20
Федерико одигра еден меч за Интер во 2015 година, а потоа беше испратен на позајмици во Асколи и Емполи. Во 2017 година потпиша за швајцарски Сион, но следната сезона пак играше за Интер и тоа на пет натпревари.
Потоа пак беше позајмен во Парма и во Верона и летово раководството на Интер пак го врати назад и сега игра за Интер, а ова му е трет меч во третото коло во Серија А.