32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Му се исполни детскиот сон, Мбапе конечно стапна на „Сан Сиро“ (Видео)

Фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе утре за првпат во кариерата ќе заигра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано и тоа нема да биде обичен меч за Французинот.

Мбапе како дете навивал за Милан, сонувал дека еден ден ќе заигра за Росонерите, има и фотографии од пред 15 години на коишто тој е облечен во дрес на Милан со бројот 70 на грбот и презимето Робињо од времето кога Бразилецот настапуваше за славниот италијански клуб.

Утре се очекува пеколен пречек за голманот Џиџи Донарума, кој фановите на Милан го сметаат за предавник и не му простуваат што си замина од клубот за поголема плата во ПСЖ. Мбапе ќе може да ужива во играњето против тимот за којшто навивал во  минатото.

https://twitter.com/i/status/1721587138515411441

 

- Оглас -

Најнови вести