Жосеп Марија Бартомеу си даде оставка од функцијата претседател на Барселона. Тој и неговите соработници кои раководеа во каталонскиот гигант, не ги дочекаа претседателските избори, но и не сакаа да бидат избркани, па сами се повлекоа.
Бартомеу до вчера даваше отпор, одбиваше да се повлече, но не го издржа притисокот. Лошата финансиска состојба во клубот, желбата на Лионел Меси да си замине и продажбата на Луис Суарес речиси за без пари во Атлетико беа главни причини за незадоволството во Барса, па беа собрани 16.000 потписи за свикување собрание на кое Бартомеу ќе биде разрешен.
Заминувањето на првиот човек на Барса е добра вест за фановите на овој клуб бидејќи вака веруваат дека Меси сепак ќе сака да остане таму до крајот на кариерата и дека новиот претседател, кој и да е, ќе работи подобро.