11.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Му се лутат на Кристијано што уште не зборува италијански

Пасквале Бруно, некогашниот фудбалер на Јувентус, остро го критикуваше Португалецот Кристијано Роналдо. На Бруно му пречи што Роналдо и по повеќе од две години престој во Јуве, уште не го научил италијанскиот јазик. Според Бруно, ова е непочитување кон соиграчите и кон државата Италија во целост.

„Роналдо се однесува игнорантски. Две години е во Италија и уште не го научи нашиот јазик, комуницира на шпански. Не ги почитува соиграчите и Италијанците“, изјави дефанзивецот Бруно, кој во кариерата има играно и за други клубови, а за Старата дама одигра 100 натпревари и во 1990 година го освои Купот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести