Имало многу урнебесни сцени во историјата на телевизиските преноси на фудбалски мечеви, но ова што го направи еден аргентински коментатор е „иновација“ каква што досега немало, па стана хит на социјалните мрежи.
На дуелот помеѓу Екскурсионистас и Аргентино Мерло, кога домашниот тим даде гол за водство од 1-0, коментаторот користеше технологија што е типична за модерната музичка индустрија и неговиот говор се претвори во песна. Тој извикуваше гооооол, а гледачите слушаа нешто друго.
Аутотјун е аудиопроцесор кој го модулира гласот, со што ги коригира сите несовршености што ги има. Првата што го употребила беше пејачката Шер, а тоа е технологија која нашироко се користи во некои жанрови, но досега не беше користена на фудбалски преноси.
Погледнете ја и слушнете урнебесната сцена:
https://twitter.com/i/status/1770153873203712332