Му се подготвува замена на Дејвид Бекам во Премиер лигата, рекордот веќе не е сигурен (Видео)

Џејмс Вард-Прауз уште еднаш покажа дека е велемајстор за слободни удари и со неговиот погодок во 78. минута Саутемптон го победи Евертон со 2:1 на гости.

И првиот гол беше дело на Вард-Прауз од игра, а и тој беше извонреден, таман за најава на пресвртот што му донесе три бода на тимот со кои се израмни со Евертон и Вест хем со по 15 бода во опасната зона.

Играчот на Саутемптон сега има вкупно 16 гола од слободен удар во Премиер лигата и е блиску да го смени на врвот легендарниот Дејвид Бекам.

Некогашниотиграч на Манчестер јунајтед е рекордер во тридецениското постоење на Премиер лигата со 18 погодоци од слободен удар.

Двата гола беа одлични, а победнички беше тој од слободен удар во 78. минута, 16-ти за Вард-Прауз од прекин во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести