Му се потсмеваат на Арсенал – Држете дистанца како ние со Озил (Фото)

Арсенал испрати порака за социјална дистанца во услови на пандемија со ковид-19, но заборави да објави посвежа фотографија без Месут Озил, кого Топчиите го држат на дистанца во клубот.

Поранешниот германски репрезентативец не е пријавен за Арсенал за настапите во Премиер лигата, ниту за мечевите во Лигата на Европа, а сè уште се води тивка војна меѓу него и клубот од Лондон.

Фотографијата што е објавена е од август годинава, кога Арсенал ги освои титулите во ФА купот и во Комјунити шилд, а тогаш Озил беше дел од поширокиот состав, иако не настапи на двете финалиња.

Навивачите на Топчиите се критички настроени, а еден од коментарите на социјалните мрежи погоди во центар.

„Кој работи во клубот. Па ова е лоша порака. Што значи фотографија со Озил, кој одамна не е во составот? Да држиме дистанца како клубот што држи со Месут. Така личи ова“, е коментарот на објавената фотографија.

 

- Оглас -

Најнови вести