Му се смешка нова победа на тимот кој дома има перфектен скор

2606 Малме – Халмстад (16.30 часот)

Малме е најдобар шведски тим во моментов, убедливо е прв на табелата во првенството, и не би требало да има проблем да освои нови три бода во дуелот со Халмстад. Гостите се тим кој после 12 кола, уште нема играно нерешено, билансот им е 6 победи и 6 порази. Против Малме, секако би биле задоволни со бод, но домашните тешко дека ќе го дозволат тоа. Малме на 13 меча има дадено 34 гола, двојно повеќе од Халмстад. На претходните пет меѓусебни дуели, Халмстад не успеваше да му даде гол на Малме.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.86)

 

2505 Молде – Лилестрем (17.00 часот)

Ова е дуел на третиот и седмиот на табелата во норвешката лига. Молде е фаворит за победа, но не се претерано опасни домаќини, плус тоа Лилестрем е во форма, има серија од две победи по ред, двете со резултат 2-1. Тие се тим со само едно реми во 12 меча. На средбите на овие екипи во последно време, речиси редовно паѓаат барем по три гола. Ова е им е прв меѓусебен дуел во календарската 2024 година, лани секој победуваше дома.

Предлог тип: 1Х & ГГ (1.78)

 

5618 Замалек – Исмаили (18.00 часот)

Еден од најголемите египетски клубови, Замалек, во моментов е деветти на табелата, игра променливо, во последните три кола има и пораз и победа и реми, но има и одиграно неколку меча помалку. Исмаили е тим со помалку победи од              порази и ремија, има два порази едноподруго. Во февруари кога се сретнаа на стадионот на Исмаили, беше 0-0, но во Каиро, од 2019 наваму, сите нивни пресметки завршуваа со победа на домашните.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

 

3527 Днепр Могилев – Шахтјор Солигорск (19.00 часот)

Шахтјор не е лош тим, има серија од пет меча без пораз, победија во изминатите две кола, но сезонава стартуваа со огромен минус и казна од дури 20 бодови, па сега после 14 меча, се на -7. Днепр има само една победа (дома немаат ниту еден триумф) во 14 кола и загрозен е од испаѓање. Днепр има дадено само 9 голови  на 14 меча, а и тимот од Солигорск има слаб просек на ефикасност, 11 погодоци на 14 настапи.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

4243 Крузеиро – Коринтијанс (21.00 часот)

Крузеиро е во криза, има три порази во последните четири кола, но и покрај тоа е осми на табелата. Овој тим има само две ремија во 13 кола. Коринтијанс е дури 17-ти, има само две победи во 14 кола, а едната им беше завчера, па во добро расположение одат во Бело Хоризонте. Но, тешко дека гостите може да изненадат, Крузеиро е опасен домаќин, сезонава ги доби сите пет мечеви на свој терен со гол-разлика 12-4.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести