Фудбалерот на Мидлзбро Марк Бола е под истрага од страна на англиската ФА, за објава стара 9 години. Тој, на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“, во своите тинејџерски денови, кога имал само 14 години напишал твит со некоректна содржина.
Поради сето тоа, му се заканува суспензија од еден месец, нешто што секако ќе биде проблем за неговиот тим во претстојниот период. Бола, кој оваа сезона е незаменлив за членот од Чемпионшип лигата ги има одиграно сите натпревари во оваа новата сезона. Од година во година, фудбалската федерација на Англија ги заострува мерките и казните за несоодветни пишувања по социјалните мрежи од страна на фудбалерите.