Фудбалерите на Пари Сен Жермен доминираа против Ливерпул, имаа дури 28 шутеви од кои девет во рамки на гол, но нема да спијат мирно, кошмар ќе им биде Алисон Бекер кого не успеаја да го совладаат.
Бразилскиот голман го спасуваше Ливерпул кој шутна само двапати, но успеа да постигне гол.
„Ова беше веројатно најдобро мое издание во кариерата. Менаџерот ни кажуваше колку ќе биде тешко да се игра против ПСЖ, колку тие се добри со топката, и дека треба да бидеме подготвени да страдаме. Знаевме што нè чека. Ни направија многу шанси, некогаш имаа ситуација еден на еден со мене. Тимската работа ми ја олесни работата. На крајот Харви даде гол, ова е убава приказна за нас“, изјави Алисон.