Македонија и Александар Трајковски можат да бидат кобни за селекторот на Италија, Роберто Манчини, а веќе се најавува и можна смена на кормилото на Аѕурите.
Реномираниот италијански медиум „Газета Дело Спорт“ најавува состанок за утре меѓу Манчини и претседателот на Фудбалската федерација на Италија, ФИГЦ, Габриеле Гравина на кој може да дојде и до смена на селекторот.
Газета објави дека веќе е подготвен тандемот Фабио Канавари и Марчело Липи, како наследници на селекторската позиција за Манчини.
Липи двапати веќе беше селектор на Италија, во 2004 до 2006 и потоа од 2008 до 2010 и со него како селектор Аѕурите ја освоија последната шампионска светска круна во 2006 година, од вкупно 4 колку што имаат како втора најтреофејна нација со Германија, а само зад Бразил со пет пехари.
Канаваро играше на Мундијалот во Германија во 2006 година, кога Липи беше селектор и заедно ја славеа светската титула.