Му скрши заб, не доби ниту жолт картон (Видео)

Камерунскиот интернационалец Оливие Мбаизо на бизарен начин остана без еден заб и мораше да биде заменет по нешто повеќе од половина час игра на првото полуфинале во Лигата на шампионите на Северна и Средна Америка.

Играчот на Филаделфија беше удрен со рака од Мауро Лаинес од Клуб Америка, а судијата Лопес од Гватемала не го виде контактот и не му покажа ниту жолт картон на Мексиканецот.

Club América 1 – 0 Philadelphia Union : (CONACAF Champions League) Mbaizo gets elbowed in the face and loses a tooth. No card is given from soccer

Мбаиз веднаш беше заменет, а неговиот тим Филаделфија јунион загуби со 2:0 на гостински терен од мексиканскиот гигант Клуб Америка.

Реваншот ќе се игра за три дена во Филаделфија. Второто полуфинале е комплетно мексиканско, а Монтереј има предност од 1:0 против Круз Азул, но ќе мора да игра на гости во реваншот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести